Заболен човек со ковид-19 заразил 533 лица во фабрика за преработка на риби во Гана, соопшти претседателот Нана Акуфо-Адо во јавно обраќање доцна синоќа.
Новите 533 случаи во фабриката сочинуваат повеќе од половина од новите случаи регистрирани во Гана од минатата среда и четврток, додава Акуфо-Адо.
Досега, коронавирусот е потврден кај 4.700 луѓе во Гана, со 22 смртни случаи, додека закрепнати се 494 лица, тврди претседателот на Гана.