Америка Ферера позната како ,,Грдата Бети” роди девојче

36-годишната sвезда од серијата „Грдата Бети“ и ситкомот „Суперстор“ вчера објави фотографија со ќерката, која се роди на 4 мај. Таа и нејзиниот сопруг Рајан Пирс Вилијамс ја именуваа својата ќерка Лусија Марисол. Гордиот 38-годишен татко ги сподели истите фотографии.

Во јануари, актерката откри дека е бремена и очекува уште едно дете со Вилијамс. Двојката го доби синот Себастијан во 2018 година.

https://www.instagram.com/p/CABM9-kh0vl/?utm_source=ig_web_copy_link

Треба да знаете
Последни објави