планира да продолжи со снимањето на новиот филм „Мисија: Невозможно 7“ во Венеција, веднаш штом ќе бидат укинати ограничувањата поради пандемијата.
Планираното снимање на кадри од седмото продолжение во Италија, кое требаше да трае три недели, беше одложено поради ширењето на коронавирусот.
Според инсајдер цитиран од британски „Сан“, 57-годишниот холивудски актер тргнува на снимање во Италија за да му помогне на еден од најтешко погодените градови да се соземе од финансиската криза предизвикана од смртоносниот Ковид-19 кој буквално го угаси градот.
„Том одбива да снима филм на кое било друго место, бидејќи сака да ги испумпува своите милиони во едно од најтешко погодените подрачја од Ковид-19 за да помогне во финансиското закрепнување“, изворот изјави за весникот
„Филмските шефови се обидоа да најдат алтернативна локација, но без успех. Тоа е навистина внимателен гест и без сомнение ќе биде добредојден од жителите на Венеција. Италија почна да ги олеснува мерките за карантин, така што веќе се водат дискусии за снимање под доста строги правила.“
Многу филмски проекти беа откажани поради пандемијата. Доцнењата веќе имаа огромни последици – не само за овој филм, туку и за целата индустрија.
„Во состојба на приправност чекаат буквално стотици течнички екипи и некои од најголемите светски ѕвезди, вклучувајќи го и Том Круз, и едноставно е неизводливо да се одлага на неодредено време“, весникот цитира извори блиски до продукцијата на филмот.