Почина Џери Стилер, кој играше една од главните ролји во култната американска ТВ серија „Сајнфeлд”

На возраст од 92 години денеска почина актерот Џери Стилер, познат по улогата на импулсивен татко во култната американска ТВ серија „Сајнфeлд” од 1990-те години.

Смртта настапила од природни причини,соопшти неговиот син, американскиот актер Бен Стилер, пренесе радиото Ен-пи-ар.

Џери Стилер е роден во 1927 година и бил регрутиран на служба за време на Втората светска војна. По војната, заедно со својата сопруга Ејн Мира оформува комедијантско дуо и така настапувале повеќе години, откако двајцата подоцна започнале одделни кариери.

Покрај во „Сајнфелд”, Стилер настапуваше и во серијата „Кралевите на Квинс”.

-Тој едноставно не може а да не биде смешен, посветено е таков каков што е, има изјавено Бен за својот татко.

Како татко и син, двајцата имаат настапувано во „Зулендер”, филм режиран од Бен Стилер.

Треба да знаете
Последни објави