Сопствениците на Сити купија деветти клуб

Сопствениците на Манчестер Сити го завршија договорот за купување на белгиски Ломел СК.

Клубот, кој моментно е во втората лига, станува третиот европски тим во сопственост на „Сити Фудбал Груп”.

Холдингот веќе поседува вкупно девет фудбалски клубови ширум светот – Манчестер Сити, Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Жирона, Јокохама Маринос, Сичуан, Монтевидео Сити, Мумбаи Сити и Ломел.

Според медиумите на Островот, „Сити Фудбал Груп” го стекнале Ломел, откако понудиле да ги покрие долговите на клубот, кои изнесуваат 1,75 милиони фунти.

Тимот во моментов е на шестото место во втората лига на Белгија.

Треба да знаете
Последни објави