Во гостување на ТВ Телма, аналитичарот Никола Спасов истакна дека не очекува утре да се донесе одлука за датум за избори.
-Можеби 14 јуни е прерано за избори, лидерската утре ќе има за цел да се донесе некоја заедничка одлука или критериум или заеднички да се согласат партиите. Добро е да се видат ставовите во однос на одржување на изборите да се донесе некаква заедничка одлука, критериумите ќе ги наложи комисијата за заразни болести. Видовме дека сите партии се согласуваат дека здравјето е на прво место и од таа девиза нема да си ја загрозат сопствената позиција. Од тој апспект не очекувам утре на лидерската да се излезе со датум за избори, вака како што стојат работите – не верувам, вели тој.
Според него, ќе се даде уште одреден период за, како што велат епидемиолозите, да се види како е просекот во последните 14 дена на новозаразени.
– Бидејќи овие три дена што има пик не мора да значи многу. Додека не се види во таа 14 дневна фаза колку биле заразени. Мислам дека на подолг рок се анализира таа крива, ако се анализира од самиот почеток има пад, сега има да речеме малку одење во рамна линија и мало покачување.Тие најдобро знаат тоа дали има малку раст, или моментална варијација.