(Видео) Трамп се налути и ја прекина конференцијата: Прашајте ја Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја прекина прес-конференцијата за новинари во Белата куќа, откако на новинарка од азиско потекло, на нејзиното прашање и` одговори да ја праша Кина.

Дописничката за „Си-би-ес Њуз“ од Белата куќа, Веијиа Јианг, го праша Трамп зошто моменталната криза ја гледа како меѓународен натпревар, кога починаа повеќе од 80.000 Американци.

„Можеби тоа прашање би требало да и` го поставите на Кина“ и` одговори Трамп на новинарката, која е родена во Кина, а во САД имигрирала на две години.

„Не ме прашувајте мене, прашајте ја Кина, во ред?“ додаде Трамп.

Тој се обиде да премине на прашања на други новинари, но Јианг се вмеша и го праша зошто тој одговор е упатен конкретно кон неа.

„Не го кажувам тоа на никого посебно, го кажувам на кого било кој поставува грдо прашање“ рече Трамп.

Треба да знаете
Последни објави