(Видео) „Часовникот на смртта на Трамп“ осамна на Тајмс Сквер во Њујорк

На њујоршкиот Тајмс Сквер е поставен „часовникот на смртта на Трамп“, кој го покажува бројот на починати од коронавирус во САД, за што авторот го обвинува недејствувањето на претседателот Трамп.

Часовникот на смртта на Трамп, кој го креираше режисерот Јуџин Јарецки, е поставен на покривот од зградата на Тајмс Сквер.

На екранот на истоимениот веб-сајт кој  се емитува и на „Тајмс Сквер“, пишува дека Трамп одбил да дејствува по прашањето на коронавирусот до 16 март, и дека епидемиолозите рекле дека 60 проценти од луѓето би избегнале смрт ако превентивните мерки биле спроведени само една недела порано, пренесува „Би-би-си“.

Повеќе од 80.000 луѓе починаа во САД како резултат на инфекција со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави