Четворица сурфери загинаа на холанскиот брег, кај Шевенинген

Четири лица го забија живото за време на сурфањето на холандскиот брег, информира денеска полицијата во Хаг, јави ДПА.

Утринава од морето биле извлечени две тела, додека другите две беа пронајдени синоќа, појасни агенцијата.

Спасувачките служби со брод и хеликоптер трагаат по уште еден исчезнат сурфер.

Сурферите биле дел од група која била зафатена од силен ветер и струи на брегот крај Шевенинген, во близина на Хаг. Седуммина од нив не можеле сами да стигнат до брегот и морале да бидат спасени од службите за итни случаи.

Треба да знаете
Последни објави