Исламската верска заедница, ИВЗ, од денеска реши да ги отвори џамиите за верниците, и покрај досегашните апели на надлежните за преиспитување на оваа одлука, поради пандемијата на корона вирусот.
Екипа на 24 Инфо беше во Старата скопска чаршија каде имаше верници во џамијата Мурат Паша, но немаше гужва, а се почитуваа и мерките за заштита од вирусот.
Фото: Слободан Ѓуриќ