Шилегов: Чулев да престане да се однесува како евтин платеник на Мицкоски и на ДПМНЕ

Згрозен сум од Наќе Чулев. Згрозен како човек затоа што станува збор за човек, кој очигледно има мисија да направи целосна девастација на правниот систем во нашата држава. Ова денеска го изјави градоначалникот на Град Скопје, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот инцидент на Вардариште, каде беа претеапни двајца инспектори на Град Скопје, а едниот заврши во болница, во потешка здравствена состојба.

– Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите кои би ни обезбедиле нормала, во смисла и на попуштање на епидемијата. Јавното негово декларирање дека нема да казнува, придонесува луѓето да добијат сила за таква анархија како што вчера се случи и со официјалните лица на Град Скопје – инспектори да бидат нападнати, рече Шилегов, додавајќи дека случајот го пријавиле во Полициската станица Гази Баба, а напаѓачите ги имаат фотографирано.

Шилегов очекува полицијата конечно да се рабуди.

– Наќе Чулев треба да престане да се однесува како евтин платеник на Мицкоски и на ДПМНЕ. Бидејќи очигледно е, за сите здраворазумни луѓе во нашава држава, дека политичката агенда на Чулев, еве да не биде и на ДПМНЕ, но јас сум убеден лично во тоа, е да се загрози здравствената и економска состојба во државата со цел да направат некаков ситен профит, евентуален, во изборите кои сакале или не ќе ни се случаат оваа година, рече Шилегов.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, како што рече, мора да се разбуди, ако воошто има совест како човек и да почне да работи. За Шилегов, неприфатливо е на грбот на нечии животи, на грбот на здравствената состојба на народот, нацијата и државата, како што рече, да се правам политички поени.

– Тоа е недозволиво и срамота. Тоа што го прави Наќе Чулев е елементарно домашно невоспитување, рече Шилегов.

Прашан како во иднина ќе работат инспекциските служби на Град Скопје ако немаат поддршка од полицијата, Шилегов рече дека овие служби нема да престанат да работат. Тој потсети дека пред да дојде пандемијата со коронавирусот, тоа, според него, беше една од најдобрите служби во Градот и конечно почнавме да ставаме ред во градот.

– Очигледна е агендата дека се сака со непомагање на функционирањето на институцијата Град Скопје да се девалвира работата или на градоначалникот или на СДСМ. Кому му е потребна власт ако тоа чини човечки животи?, рече Шилегов.

Треба да знаете
Последни објави