Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е патолошки лажго и заштитник на црните пари на Заеви

Со внимание ја проследивме изјавата на Петре Шилегов со која ја префрла сопствената одговорност за инцидентот во Вардариште на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тоа е изјава во која тој наместо аргументи, понуди навреди со зборовите “Лудак, ненормален”. Уличниот речник на Петре Шилегов е последица на пропуштена социјализација и специфичната емотивна состојба во која се наоѓа скопскиот градоначалник.

Оттаму како советничка група на градот Скопје, и загрижени за сето ова ќе предложиме пред секоја седница на советот на градот Скопје освен присуство на претставници од пожарната единица на град Скопје кои редовно присуствуваат, да присуствува и претставник на итната медицинска помош, како и да се спроведува задоложителен алко тест, со цел да се зачува здравјето на сите, а највеќе на Петре Шилегов.

Наместо градски татко Шилегов одбра да биде градски кловн, кој освен патолошко лажење, е и заштитник на црните пари на Заеви преку отворените сомнежи за тендер коалициите во јавните претпријатија со кој управува градот.

Проблемот Вардариште е проблем на Петре Шилегов. Тој за време на полицискиот час преку јавното претпријатие за комунална хигиена фрла тони и тони смет и го загрозува здравјето на граѓаните. Дополнително Петре Шилегов неможејќи да го реши проблемот барал од Наќе Чулев да забрани и казнува граѓани кои прописно го фрлале сметот во преполните контејнери. Полните контејнери не се проблем на Наќе  Чулев туку на лажоманот Петре Шилегов.

Едно е јасно Петре Шилегов е најнеспособниот градоначалник на град Скопје кој мора да си замине од функцијата градоначалник и да се поднесе оставка, затоа што освен тоа што е неспособен е и недостоинствен за таа позиција.,

 

Треба да знаете
Последни објави