АД ЕСМ го доби сертификатот за управување со квалитет ISO 9001:2015

АД ЕСМ успеа да го добие, односно обнови, сертификатот за управување со квалитет ISO 9001:2015 и покрај отежнатите услови, пред сè, во комуникацијата, предизвикани од пандемијата на Ковид-19, соопштија од компанијата.

Голем дел од комплексната постапка на сертифицирање се одвиваше по електронски пат во согласност со препораките за превентивни мерки за спречување ширење на вирусот.

Сертификациската проверка се изврши преку Remote Audit Form, односно преку видеоконференциски врски и електронско обезбедување на документацијата.

Сертификатот е добиен од реномираната куќа на светско ниво TUV NORD CERT GmbH од Германија.

„АД ЕСМ положува големо значење на сертификатот ISO 9001:2015 со оглед на тоа што сертификатот обезбедува строго пропишан протокол за работење и потврдува дека компанијата работи по систем за менаџирање на квалитетот, кој е фокусиран на потребите на клиентите и е гарант за испорачување ниво на квалитет што е преземено како обврска“, се наведува во соопштението.

 

Треба да знаете
Последни објави