Во Отвореното студио на 24 анализа доктор Арбен Зибери директор на Центарот за јавно здравје истакна дека одлуката за олабавување на мерките не е политичка и дека тоа е по препорака на комисијата за заразни болести. Иако денеска има помал број за заразени, но неделава имаме поголем број на заразени изразено во проценти.
„Репер ни е бројот на заразени од тестирањата. денеска влегуваме во втората фаза на пандемијата каде ги попуштаме мерките, но сите препораки на СЗО и комисијата се дека треба да сме претпазливи и да видиме каква ќе биде рефлексијата од теренот и што ќе покажат резултатите од теренот.“ – рече Зибери.
Тој потенцираше дека поголем дел од заразените се од Сарај и едно семејство од Сингеќиќ каде од 17 членови, 13 биле позитивни и воглавном таму е насочено вниманието и се следи ситуацијата. Потенцираше и дека општина Карпош се уште е на првото место по бројот на заразеност. Зибери истакна дека има граѓани кои ги почитуваат мерките, но и такви кои тоа не го прават.
„Ние ги разбираме луѓето дека не им е лесно во изолација. Сменет им е животот. Но, имаме и место каде нема заразени, а тоа е Дебар. Додека немаме соодветен лек или вакцина или стекнат колективен имунитет, единствената можност за справување е самоизолацијата.“ – рече Зибери.
Во однос на струшката литија и денешното отварање на џамиите, Зибери вели дека е вано да се почитуваат протоколите и тие ги има и кај мерките за олабавување. Вирусот е се уште присутен и не смееме сега да потфрлиме и да дозволиме да дојде до колапс на здравствениот систем.
„Секој можен ризик ќе го набљудуваме и ќе го спречиме.“ – вели Зибери.
Во однос на тестовите, тој вели дека тестовите се прават врз база на идницкации и епидемиолозите одлучуваат кои се ќе се тестира. Не значи дека ако правите само тестови дека ќе се открие, некои може да бидат и лажно позитивни, и правиме на секој новооткриен случај се прават тестови на сите негови контакти. Ако некој излезе позитиве, се прават тестови и на неговите контакти, вели Зибери.