Брајан Адамс се извини за коментарот во врска со коронавирус

Канадскиот пејач Брајан Адамс во вторникот се извини за неговата објава на социјалните мрежи во која тој за ширењето на новиот коронавирус ги обвини „лошата исхрана, продажбата на животни на пазарите за морска храна  и алчните копилиња кои го создадоа вирусот“, пренесува „Ројтерс“.

Адамс коментарите ги објави на Инстаграм во понеделникот, кога напиша пост во врска со откажувањето на неговите концерти во лондонскиот „Ројал Алберт хол“ поради Ковид-19.

Роден во Кингстон, Онтарио, Адамс моментално живее во Лондон и е веган.

Неговата објава наиде на остри критики и осуда во социјалните мрежи, а претседателот на Кинеско-Канадскиот Национален совет за социјална правда ѝ кажа на канадската корпорација за радиодифузија дека коментарите на пејачот се „многу, многу расистички“.

Во своето извинување, исто така постирано на Инстаграм, Адамс вели дека „единствено сакал да го сврти вниманието за ужасната суровост кон животните кои се продаваат на пазарите за морска храна, како можен извор на вирусот, а исто така сакал и да го промовира веганизмот“ како начин на исхрана.

https://www.instagram.com/p/CADYjsonDVJ/

Треба да знаете
Последни објави