Се олеснуваат рестриктивните мерки во ОАЕ

Во рамките на олеснувањето на рестриктивните мерки воведени во Обединетите Арапски Емирати поради пандемијата на коронавирусот, во Дубаи е дозволено повторно отворање на јавните паркови, а гостите на хотелите можат да посетуваат приватни плажи.

Целодневниот полициски час во Дубаи на 24 април беше скратен на осум часа во текот на ноќта, а на рестораните и трговските центри им беше дозволено да отворат со ограничен капацитет.

Во јавните паркови сега можат да престојуваат групи до пет лица, а на приватните плажи задолжително е физичко растојание.

Исто така повторно возат и трамваите и фериботите, а дозволени се и рекреативни активности на отворено, во групи до пет лица, додека џамиите, кината, јавните плажи и ноќните клубови сè уште се затворени.

Олеснување на мерките почна и во другите емирати во Обединетите Арапски Емирати, така што се отворија некои трговски центри во Абу Даби, и трговски центри и ресторани во Шарџа.

Вкупниот број заразени со коронавирусот во ОАЕ досега е 19.661, а починале 203 лица.

Треба да знаете
Последни објави