Се продава Ауди V8 од 1990 со поминати 218 километри за „само“ 75.000 евра

Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век Ауди тргна, како што се вели во покерашки стил„ all in“ во биткат аво премиум сегментот со С класата на Мерцедес и серијата 7 на БМВ. Во Инголштат знаеја дека ги чека голема и тешка работа за да станат дел од врвот на германската автомобилска индустрија за да Ауди почне да се перцепира како благородна марка.

Денес Ауди е бренд кој плени со спортски луксузни модели со познатиот погон Quattro кој со години се „брусеше“ на релијата, но од некаде требаше да се тргне во високата класа каде што има простор само за најдобрите.

Така во 1988 година беше претставен „истегнатиот“ Ауди 200, долг речиси пет метри, во кој беше вметнат мотор V8, и тоа атмосферски 3,6-литарски V8 со 250 КС и 340 Nm спарени со 4 степениот автоматски менувач. Тоа беше првото Ауди од висока класа, првото Ауди со V8 мотор и првиот Quattro Audi со автоматски менувач.

Дури и денес постојат голем број љубители на првиот луксузен Ауди кои поседуваат одлични примероци, но она што го објави на продажба холандскиот дилер Bourguignon е навистина куриозитет од прва категорија.

Имено, за 74.950 евра е понуден Ауди V8 од 1990 година, буквално нов, со поминати само 218 километри за 30 години! Во описот се наведува дека автомобилот кај сопственикот во Белгија поминал само 157 километри, а од кога е продаден во 2016 година, додал уште 61 километар.

Аудито V8 3,6 е со бисерно бело со црн кожен интериер и седишта, како и дрвени додатоци на конзолата и вратите со автоматски менувач на 4 брзини и богата опрема AБС сопирачки, електрични седишта со меморија и греење и уште многу други …

 

Треба да знаете
Последни објави