Како изгледаше првиот ден во Рамстор Мол по отворањето

Денеска Рамстор Мол и официјално ги отвори вратите за своите посетители по речиси 2 месеци, поради ситуацијата со коронавирусот. По повод отворањето од менаџментот на Рамстор Мол беа превземени сите неопходни мерки за заштита на здравјето на посетителите. На повеќе места  се поставени дезинфекциони позиции на кои секој посетител ќе може редовно да ги дезинфицира своите раце. Поставени се и известувања за тоа  како треба да се однесуваат сите посетители за време на пазарувањто, за дистанца од 2 метри, како да се возат на ескалаторите, како и начинот на користење на лифтовите.

“ Среќни сме што нашата држава успешно се справува со пандемијата и дека полека почнува процесот за враќање во Нормала. Земајќи во предвид дека Трговските центри завземаат значајно место во секојдневниот живот на граѓаните, исто така среќни сме дека од денес и ние ќе допринесеме за враќањето во нормалниот секојдневен живот. Од денес Рамстор Мол ги отвара вратите на своите посетители . Здравјето на нашите посетители и здравјето на вработените во трговскиот центар ни е најголем приоритет. Затоа сакам да ги известам сите посетители да ги почитуваат препораките од владата и заедно сите да влијаеме на зачувување на општото здравје.” – изјави Џеладин Џули менаџер на трговскиот центар и развој на инвестиции во Рамстор Македонија.

Од менаџментот најавија дека согласно препораките на владата,  превземени се  сите мерки кои се пропишани се со цел посетителите да можат да се чувствуваат удобно во нивните навики при купувањето

Според она кое што може да се забележи на фотографиите, денеска посетителите ги почитуваат секои од мерките.

 

Треба да знаете
Последни објави