Асенсио замена за Јовиќ

Иако Лука Јовиќ е повреден и ќе отсуствува околу два месеци, тренерот на Реал Мадрид има подготвена замена, кој ќе биде резервна опција за напаѓач во отсуство на стрелецот на тимот, Карим Бензема, пишува „АС”.

Ова е Марко Асенсио, кој не одигра ниту еден натпревар оваа сезона, поради неговата сериозна повреда минатото лето. Сепак, тој тренира на исто ниво со неговите соиграчи по продолжувањето на тренинзите и ќе му биде на располагање на неговиот тренер за преостанатите натпревари од кампањата.

Офанзивниот играч е многу убедлив под водство на Зидан, потсетува публикацијата. Во 2016/17 година со своите 10 гола тој беше шестиот најдобар стрелец за екипата, иако беше едвај 17-ти по одиграни минути. Следната сезона шпанскиот репрезентативец беше уште подалеку во топ-листата со стрелци на Мадрид – на четвртото место со 11 голови, заостанувајќи само зад тогашното sвездено трио на Реал – Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Бензема. Тогаш тој беше 13-ти во тимот по одиграни минути.

Поради оваа статистика Зизу верува дека 24-годишниот фудбалер може да постигне повеќе од 20 голови по сезона, доколку е стартер во својот тим.

Треба да знаете
Последни објави