Бутел го задржува костурот на екипата, Мојсовски и Печенковски ги продолжија договорите

Откако РФМ ги одреди патниците во евро куповите а Бутел се најде меѓу екипите со европска есен, раководството на клубот го продолжи договорот со најискусните Печенковски и Мојсовски.

Мојсовски и Печенковски го продолжија договорот на уште една сезона.Печенковски е член на Бутел уште од прволигашката конкуренција кога тимот беше предводен од Игор Котевски, додека пак некогашното репрезентативно крило Златко Мојсовски со клубот е две сезони.

Во наредниот период се очекува договорт да го продолжат уште неколку играчи а се разговара и со потенцијални засилувања.

 

 

Треба да знаете
Последни објави