Генералниот директор на Светската трговска организација (СТО), Бразилецот Роберто Азеведо, денеска објави дека ќе ја напушти функцијата на 30 август, една година пред истекот на неговиот втор мандат и додаде дека нема политички амбиции.
„Тоа е лична, семејна одлука и убеден сум дека е најдобар во интерес на организацијата”, рече Азеведо на онлајн состанокот на членовите на СТО.
Предвременото заминување на Бразилецот доаѓа во време кога светската економија доживува најголемо забавување од Големата депресија од 1930-те. Светската трговија е погодена од последиците на пандемијата на коронавирусот вирус и тоа драстично ги намали производството и трговијата.
Без оглед на коронавирус-кризата, СТО со месеци минува низ својата длабока криза поврзанa со телото за решавање спорови меѓу членките.