Арнолд Шварценегер не пропушта ниту еден ден енергично возење велосипед по улиците на Лос Анџелес, а неделава тој се рекреираше со својата ќерка Кристина и пријателот Ралф Молер, поранешен бодибилдер.
72-годишниот Шварци носи заштитна маска со ознака WE’LL BE BACK (Ќе се вратиме), што алудирa на познатата фраза I’ll be back која стана негов заштитен знак откако ја повтори во некои сцени од филмот „Терминатор“.
Тој месецов почна да продава дизајнерски маски украсени со порака „Ќе се вратиме“ а приходите од продажбата се влеваат во хуманитарната организацоја After-School All-Stars“, која им помага на децата од сиромашни семејства, а исто така обезбедува храна за семејства најпогодени од пандемијата на Ковид-19.