Руското министерство за здравство одговори на медиумските написи за лажирање на бројот на смртни случаи од коронавирус.
Во одговорот на министерството се наведува дека нивните податоци се апсолутно отворени, но признаваат дека во конечната бројка на смртност ги вбројуваат само оние за кои утврдиле дека директоно биле предизвикани од компликации од коронавирусот. Тоа се утврдува со постмортална обдукција.
Во соопштението се додава дека Москва објавила дека такви обдукции се направени на секо од починатите, кај кои е дијагностициран коронавирус. Москва тврди дека во април 639 луѓе починале директно од компликации.
„Во останатите смртни случаи е невозможно да се стави коронавирусот како причина за смрт. Во над 60 проценти од случаите, смртта се случила поради очигледни други причини, како што се прекин на работата на срцето, доцнежен стадиум на карцином, леукемија и уште некои неизлечиви болести“.
Од Москва велат дека ваквата дијагноза е поинаква во споредба со повеќето во останатите држави.
„Поради тоа нашите дијагнози се многу уверливи, податоците за смртност секој може да ги види, а невозможно е да се наведе ковид-19 како причина за смрт во останатите случаи“.
Русија од почетокот на пандемијата пријави над 260 илјади случаи на коронавирус и само 2.418 смртни случаи. За споредба, Британија има речиси 30 илјади случаи помалку, но и повеќе од 30 илјади смртни случаи. Слични се бројките во споредба со Италија, Шпанија и Франција.