На 14.05.2020 година во 06 часот, во дебарското село Горно Косоврасти, настанал пожар во кој целосно изгореле осум плевни.
Притоа, угинале десет домашни животни, а опожарен е земјоделски алат и прибор.
На местото на настанот, извршен е увид предводен од надлежен Јавен обвинител и овластен судски вештак.