Италија со амнестија им доделува шестмесечен престој на нелегалните мигранти

Италијанската влада продолжува со идејата за амнестија на илјадници нелегални имигранти иако многумина во парламентот се залагаа за престој само за нелегалните мигранти работници, пренесува „Ил џорнале“.

Нацртот -указот за амнестија беше објавен неделава од италијанските медиуми. Со документот се бара да им се издадат шестмесечни дозволи за престој на мигрантите кои работат во сектори како земјоделството и домашна работа. Матео Салвини од „Лига“ ја нападна предложената амнестија, укажувајќи на милиони невработени Италијанци на кои им е потребна работа повеќе од илегалците.

Членовите на Движењето Пет везди (М5С), кои ја формираат владејачката коалиција со левичарските Демократи (ПД), побараа дозволите за престој да им бидат издадени само на работниците и за период од само еден месец.

За дозволите ќе треба да се исполнат неколку барања и ќе им бидат доделени само на нелегални мигранти кои можат да докажат дека веќе работеле во Италија.

„Привремени дозволи само за оние кои веќе имале договор за вработување во 2019 година“, рече потсекретарот за внатрешни работи, Карло Сибилија.

И партијата Движење Пет Ѕвезди и Италија Вива, мала партија предводена од поранешниот премиер Матео Ренци, изјавија дека декретот не е општа амнестија, туку здрав разум. Висок член на „Лига“ ја предупреди владата за потенцијален хаос ако ги спроведе плановите за доделување амнестија на 700.000 нелегални мигранти.

Помеѓу 500.000 и 600.000 мигранти би можеле да бидат опфатени со новиот указ, но дозволите за престој ќе бидат одбиени ако работодавачот на мигрантот е осуден за помагање нелегална миграција во последните пет години или се ангажирал за регрутирање мигранти за проституција или други нелегални активности.

Мигрантите за кои има налог за депортација и оние кои се сметаат за закана за италијанската јавна безбедност исто така се исклучени од амнестијата.

Популистичкиот сенатор Матео Салвини вети дека ќе се бори против амнестијата, велејќи:

„Наместо да обезбеди работни места за милиони невработени Италијанци и многуте редовни и угледни мигранти присутни во Италија, владата мисли на амнестија на илјадници нелегални имигранти“.

Сенаторот Стефано Кандијани, исто така член на „Лига“, додаде:

„Ние ќе сториме се што е демократско во наша можност да го запреме овој злобен проект, ќе собереме потписи ако е потребно да закажеме референдум и да ги пдинуриме на гласање, а Италијанците ќе ги казнат строго “.

Амнестија на нелегалните мигранти е проблем за кој левичарската италијанска коалиција размислуваше долго пред пандемијата на коронавирус и беше покрената уште во јануари од страна на министерката за внатрешни работи Лусијана Ламоргезе.

Треба да знаете
Последни објави