Кралицата се повлече од јавноста, медиумите пишуваат дека тоа е крај на нејзиното владеење

Британската кралица Елизабета со месеци не ги извршува своите јавни должности заради епидемијата на коронавирус, а како што наведуваат странските медиуми, тоа е крај на нејзиното владеење.

Британски „Сан“ наведува дека кралицата Елизабета (94) ќе остане во нејзината резиденција во замокот Виндзор се додека трае коронавирусот, но најновите информации велат дека е можно кралицата никогаш да не се врати на кралските должности.

Ситуацијата со коронавирусот го принуди кралското семејство да се повлече од јавноста, поради што сега ги чувствуваат последиците. Додека владата се обидува да го намали тоа, стана извесно дека кралицата нема да се појави во јавноста. Доколку е апсолутно неопходно, таа ќе се јави преку видеозапис.

 

Имајќи ја предвид нејзината возраст, но и возраста на нејзиниот сопруг Филип, чија здравствена состојба е многу кревка, се зборува дека двојката ќе биде во изолација подолго време. Британските медиуми пишуваат дека таа можеби никогаш нема да се врати на своите јавни кралски должности, затоа што ризикот е преголем.

„Ова е многу тажно, но јас не гледам начин на кој кралицата би се вратила на нормалниот начин на живеење и на извршување на кралските должности“, рече авторот на многу кралски биографии, Ендру Мортон, за „Сан“.

Треба да знаете
Последни објави