Коста Петров најавуваше помош во износ на минималната плата за 35 илјади компании и над 250 илјади вработени.
За сега Петров да изјави дека ќе поддржат само 10 илјади компании, а се крие и бројката на вработени кои ќе се опфатат со оваа поддршка за исплата на плата.
Зошто се крие бројот на вработени во овие 10 илјади компании кои ќе добијат државна помош?
Загубите на македонското стопанство се мерат во 100-тици милиони евра, а износот на државната помош е 14 милиони евра. Со ова само уште еднаш се покажува негрижата за економската добросостојба на македонските граѓани, а Владата на Република Македонија и натаму е последна според државната помош поради корона кризата за стопанството и граѓаните, во регионот и Европа.
Петров дрско ја лаже јавноста дека државата ќе му помогне на стопанството со милијарда евра, износот на помошта е дури за 5 до 6 пати помал според сите извештаи за износот на државната поддршка во економијата во борбата со последиците од опасниот коронавирус.