САД пак ќе ја финансираат СЗО, но само со 10% од досегашниот износ?

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација разгледува повеќе предлози за повторно финансирање на Светската здравствена организација, вклучително и оној според кој САД би уплаќале околу 10 проценти од претходиот износ.

Во објавата на Твитер, Трамп истакна дека конечна одлука за тоа се уште не е донесена и дека американското финансирање на глобалната здравствена организација и натаму е прекинато.

Трамп на 14 април го прекина американското финансирање на СЗО, обвинувајќи ја агенцијата за промовирање на кинески „дезинформации“ за избивањето на коронавирусот и рече дека неговата администрација ќе покрене ревизија на нејзината работа.
Исто така нагласи дека ќе ја испита улогата на СЗО кога станува збор за погрешно управување и прикривање на ширењето на коронавирусот.

СЗО ги демантира ваквите тврдења, а Кина повеќепати истакна дека нејзиното делување е отворено и транспарентно.

Треба да знаете
Последни објави