Во повторно се соочува со серија бомбашки закани и тоа кон ковид-болниците, јавниот превоз и аеродротот, објави денеска руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи ги безбедносните служби.
Според информациите, болниците кон кои се испратени заканите не се испразнети, туку се темелно прегледани. Заканите исто така се упатени и кон аеродромот Домодедово.
Русија веќе повеќе од една година се справува со бран закани за бомбашки напади.
Иако досега не е најдена нитуа една бомба, заканите предизвикаа пореметување. Десетици илјади луѓе се пренесени на безбедно место поради заканите.
Изворот на анонимните закани и натаму е непознат, а заканите во главно доаѓаат преку имејл.
Руските разузнавачи веќе блокираа десетици странски интернет сервиси во земјата, од страв дека преку нив се испраќаат заканите.