Италијанскиот фудбалски клуб Интер во наредните неколку дена ќе и каже на Барселона какви играчи сака да бидат вклучени во трансферот за Лаутаро Мартинез.
Почетната цена за предвремен прекин на договорот на фудбалерот е 111 милиони евра. Барса е подготвена да плати половина – околу 60 милиони евра – во готово и да вклучи играчи за покривање на остатокот од сумата.
Интер, според „Марка”, е најзаинтересиран за Нелсон Семеду, Артуро Видал, Жан-Клер Тодибо, Јуниор Фирпо и Самуел Умтити.
Спортските директори на „неро-азурите, Бепе Марота и Пјеро Аусилио ќе разговараат со тренерот Антонио Конте за да ги пронајдат најсоодветните играчи за тимот. На Интер му треба десен бек, а Семеду е една од најинтересните опции за оваа позиција.