Кога ќе се отворат границите, мерката задолжителен државен карантин ќе се укине, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој најави ист пристап кој ќе важи за повеќе земји во регионот.
-Најпрво ќе ги договориме овие работи во однос на нашата билатерална соработка со Грција, па потоа и со другите соседни земји, рече Филипче во интервју за Сител, по враќањето од Атина.
Исто така кажа дека засега не се планира промена на времетраењето на полицискиот час, а евентуални одлуки би се носеле во текот на следната недела.