Петров: Одобрена е поддршка за исплата на плати за над 103.000 вработени, заедно ги поставуваме темелите за трансформација на економијата

Владата предводена од СДСМ се грижи за сите граѓани и за македонското стопанство. Уште на самиот почекот на кризата со корона вирусот кажавме дека заедно со вас ќе се избориме да зачуваме што повеќе работни места, да помогнеме на што повеќе граѓани и да поддржиме што повеќе компании, соопшти на прес-конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ.
-Со мерката за финансиска поддршка од 14,500 денари по вработен заедно со работодавачите се изборивме да ги зачуваме работните места на нашите сограѓани.
Управата за јавни приходи информира дека на 16.546 компании со 103, 307 вработени веќе им е одобрена финансиска поддршка за исплата на плати за месец април 2020.
Вкупниот износ на одобрената финансиска поддршка досега изнесува 1 447 278 909 денари.
Со бескаматните кредити од линијата КОВИД 1 и КОВИД 2, им овозможуваме на македонските компании успешно да се справат со оваа криза но и да инвестираат во нови продукти и услуги.
Бескаматната кредитна линија ,,Ковид1″ е веќе целосно реализирана и одобрени се 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени а за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, заклучно 13ти мај, завршија 15те дена од јавниот повик за аплицирање и поред информациите кои ги има банката, пристигнати се околу 4.340 апликации.
Со ребалансот на буџетот го забрзуваме процесот на оправување на македонската економија преку финансирање на мерките за надминување на последиците од корона кризата. Со овие мерки, заеднички ќе ја трансформираме нашата економија но и ќе ја зголемиме нејзината конкурентност.
Со дополнителни 3 милијарди денари на КОВИД програмата, креираме мерки за стимулација на приватната потрошувачка а со дополнителни 600 милиони денари овозможуваме и поголема поддршка за македонскиот туризам.
За социјална заштита поврзана со ефектите од КОВИД-19 се распоредуваат 350 милиони денари, а исто толку и за Фондот за здравство.
За Министерство за здравство обезбедивме 300 милиони денари за да ги зајакнеме здравствените капацитети за откривање на болести а обезбедивме и 350 милиони денари со цел да им помогнеме на нашите млади да се стекнат со ИТ и дигитални вештини кои ќе им овозможат брзо вработување во новата економија.
Алоциравме и 150 милиони денари за исплата на надомест за невработеност во Агенцијата за вработување и 60 милиони денари за национално кофинансирање за нова кредитна линија преку Развојната банка на Северна Македонија.
Почитувани граѓани, оваа криза може да биде и одлична можност за сите нас. Преку сетот на економски мерки, подготвен од економскиот совет на СДСМ, сите заедно, ги поставуваме темелите за трансформација на македонската економија. Заедно ќе излеземе од оваа криза уште похрабри, уште посилни.
линк до видео:https://youtu.be/Xi97wlbrvu0
Треба да знаете
Последни објави