Сите параметри и официјални податоци од надлежните институции покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола и дека создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори согласно протоколите за заштита. Тоа не сакаат да го прифатат Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, зошто знаат дека нивната неодговорност и деструктивност им гарантира изборен пораз, соопшти на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Дека има услови за одржување на изборите, говори и позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори во Република Северна Македонија.
СДСМ како одговорна партија во овој важен период има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант на демократијата.
Токму затоа сметаме дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања и гласањето да бидат усогласени со заштитните протоколи.
ДИК по крајот на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.
СДСМ нема да дозволи неодговорен политичар како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза. Тие едноставно не сакаат државата да оди напред.
Избори мора да има поради здравјето на граѓаните, поради трансформација на нова економија, поради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа држава.

линк до видео:https://youtu.be/