Жител на битолското село Драгарино додека работел на нива во атарот на селото, пронашол стара артилериска граната од Првата светска војна.
Увид извршила екипа од СВР Битола, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.