Некои навивачи не се задоволни од продолжувањето на сезоната во Бундеслигата. Сезоната во германскиот фудбалски шампионат беше продолжена вчера, натпреварите се одржуваат без гледачи заради пандемијата на коронавирус.
Во Келн, навивачите во различни делови на градот поставија постери против продолжување на сезоната.
Нашите пари се поважни од вашето здравје. Бундес лига по секоја цена! – таков текст е напишан на постери низ градот.
Келн попладнево игра против Мајнц.