Сопственикот на весниците „Медиос Обсон” и „Ел Тиемпо” како и полицаец, назначен за него како обезбедување, беа убиени во Мексико, по добивањето закани, соопштија денеска официјални лица.
Државното обвинителство на сојузната држава Сонора објави дека Хорхе Мигел Армента Авалос бил нападнат додека излегувал од ресторан во центарот на градот Сиудад Обрегон.
Во напдот загинал и полицискиот службеник Орландо, Антонио Рувалкаба Флорес, а друг полицаец е ранет. Армента беше сопственик на весниците Медиос Обсон и Ел Тиемпо, што објавуваат вести во печатена верзија и на портали.
Државниот обвинител Клаудија Индира Контрерас вети дека случајот ќе биде истражен, но се уште нема осомничени. Армента е третиот новинар убиен во Мексико оваа година. Повеќе од 140 новинари беа убиени во изминатите 20 години во таа држава.