Преку трите пакети мерки со вкупна вредност од 550 милиони евра, донесени од Владата предводена од СДСМ, ја надминуваме економската криза и обезбедуваме заживување и трансформација на македонската економија.
Првите два пакети мерки се насочени за поддршка на економијата и зачувување на работните места на граѓаните, а мерките од третиот пакет обезбедуваат заживување на македонската економија преку директна поддршка и на граѓаните и на стопанството.
Третиот пакет мерки гради нова, развојна македонска економија, со него се зголемува потрошувачката и се стимулира заштита, промоција и раст на домашната економска понуда.
Истовремено ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании на домашно и светско ниво, ќе се активира и помогне домашниот туризам, но и ќе се промовираат нови земјоделски култури и ќе се обезбеди дополнителна поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно прозиводство
Преку трите сета економски мерки, кои опфаќаат 730.000 корисници, ги поставуваме темелите за брза трансформација на македонската економија.
СДСМ се грижи за сите граѓани и за сите компании. Заедно ќе излеземе од оваа криза уште похрабри и уште посилни.