Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас е оптимистичен дека летувањето во странство оваа година ќе биде можно.
Мас денеска со своите колеги од Шпанија, Австрија, Италија, Грција, Хрватска, Португалија, Малта, Словенија, Кипар и Бугарија, ќе разговара преку видео конференција за олабавување на рестрикциите во областа на патувањата.
Се повеќе претставници на германската власт ги демантираат гласините според кои се планира задолжителна вакцинација против коронавирус, вчера објави „Дојче веле“.
Единствена задолжителна вакцина во Германија е против морбили, а ни во овој случај Уставниот суд се уште не го кажал своето.