Италија и Шпанија се меѓу земјите во Европа кои планираат идна фаза на попуштање на мерките во борбата против коронавирусот.
Денеска во Италија ќе бидат отворени поголем дел од продавниците, вклучително и барови, ресторани, кафулиња и фризерски салони, за првпат по два месеци карантин.
Шпанија планира попуштање на мерките надвор од Мадрид и Барселона, а првпат ќе дозволи собир до 10 луѓе. Оваа одлука ја следат секојдневниот пад на бројот на починати и новозаболени.
Италија вчера забележа најмал дневен број на починати од март. Потврдени се 145 починати од последица на коронавирус во изминатите 24 часа. Тоа е значаен пад во однос на рекордниот број од 900 починати на 27 март. Во Шпанија пак дневниот број на починати падна под 100 за првпат откако се воведени строгите мерки.
Експертите предупредуваат на опасноста од големи социјални собири. Во Шпанија поголем дел од луѓето ќе излезат од карантин до крајот на оваа недела.
Што се однесува до другите европски земји, Белгија од денеска ги отвора основните и средните училишта, но под строи мерки за заштита. Португалија, Грција, Данска и Ирска исто така се меѓу земјите кои планираат олабавување на мерките.
Во Полска, Германија и Данска се отвораат кафулињата, рестораните, хотелите, салоните за убавина, а почнуваат со работа и основните училишта.