Трамп: Обама беше многу неспособен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот претходник Барак Обама бил многу неспособен, со што одговори на неговите индиректни критики дека не знае како да ја води земјата во време на криза.

„Повеќе од што и да е друго, оваа пандемија целосно и конечно ја крена завесата за идејата дека многумина што се на јавна должност знаат што прават“, рече Обама во ретка јавна критика за сегашната администрација. „Некои од нив дури и не се преправаат дека знаат“.

На враќањето од Камп Дејвид, каде што престојуваше викендов, Трамп рече дека не го видел говорот на Обама.

„Гледај, тој беше некомпетентен претседател. Тоа е сè што можам да кажам“, им рече Трамп на новинарите.

„Многу некомпетентен“, додаде тој.

Обама, чија популарност е сè уште поголема од онаа на Трамп, во својот говор директно не го спомна актуелниот претседател.

Треба да знаете
Последни објави