Tетовската полиција информира дека ќе бидат преземени соодветни мерки и активности за расчистување на инцидент за кој има видео снимка на социјалните мрежи на која се гледа физичка пресметка помеѓу полицајци и цивилно лице. Инцидентот се случил вчера околу 17 часот на градскиот плоштад во Тетово.
-Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека ќе бидат преземени сите соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Притоа, во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за полициските службеници кои биле инволвирани во настанот е покренета дисциплинска постапка, информираат од СВР Тетово.
Од таму посочуваат дека и Одделот за внатрешна контрола при МВР ќе преземе соодветни мерки во врска со пропустите и пречекорувањата во врска со настанот.