На 17.05.2020 во 07.15 часот во Одделението за внатрешни работи Гостивар, Е.Н.(62) од село Горјане пријавил дека на 16.05.2020 во периодот од 10.00 часот до 16.00 часот во бачило лоцирано во атар на с.Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, непознато лице предизвикало пожар на бачило, сопственост на А.Н. (30) од село Горјане.
Притоа, во пожарот целосно изгореле три простории, изградени од дрвена конструкција. Според пријавеното, бил извршен и обид за запалување и на просторијата за чување на млечни производи, но пожарот сам се изгасил.
Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.