Украински адвокат: Украина да си го врати старото име Рус

Познатиот украински адвокат Андреј Федур предложи Украина да си го врати старото име Рус, пренесува порталот Страна.ua.

На својата страница на Фејсбук, Федур го критикувал украискиот претседател Владимир Зеленски кој на почетокот на својата кариера веруваше промени и премин на државните органи во нова зграда.

„Пред само една година, сегашниот хетман (украински израз за командант), како дете сакаше да промени се, дури и местото на својата паата, потсети Федур.

Според адвокатот, украинскиот лидер не можел да најде ништо подобро од музејот на Ленин кој денес се нарекува Украински дом.

Федур додаде дека овој „круг на пеколот“ ќе продолжи се додека не се прекине. Како што тврди тој, патот кон промени е можен по промената на името на земјата. Тој смета дека се во право оние што бараат промена на името на Украина во нејзиното старо име Рус.

Во мај минатата година, амбасадорот на Украина во САД, Јуриј Шчербек, изјави дека на неговата држава ѝ го украле името Рус, претворајќи го во Русија.

Рус е име на регион во Источна Европа. Со ова име се нарекувала и првата истоќнословенска држава—Киевска Русија. Подоцна од тој корен името го добила и Белорусија како и области во Царска Русија: Малорусија и Новорусија.

Треба да знаете
Последни објави