Моќен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди регинот на 252 км западно од Ферндејле, Калифорнија, утринава објави US Geological Survey, пренесува „Сјинхуа“.
Сеизмичката активност е регистрирана во океанот на длабочина од 10 километри. Нема извештаи за предизвикана штета или жртви. Нема издадено предупредување за цунами во врска со потресот.
На земјотресот му претходеше помалку моќен потрес со јачина од 4,7 степени со епицентар на 255 км западно од Ферндејле сношто, на длабочина од 10 км.
Бидејќи Калифорнија лежи на раседот „Сан Андреас“, државата честопати е погодена од земјотреси, некои помоќни од другите во зависност од количината на наталожен притисок по тектонските плочи.
Во јули минатата година, Калифорнија беше потресена од голем земјотрес со јачина од 7,1 степени, што предизвика штета на зградите.