Почна судењето за „Шпанските скали“: Јанакиески тврди дека не е виновен

Денеска започна судењето за случајот „Шпански скали“, во кој првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски во времето на Никола Груевски, Миле Јанакиески, потоа Димитар Димовски, Билјана Дејановска- Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска, Марјан Јованов.

На барање на градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот на денешното судење даде согласност за увид на обвинетите во документацијата која била предмет на електронско наддавање за продажба на парцелите кои се опфатени со обвинението, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Јанакиески, Димовски, Дејановска-Димитровска, Самарџиска и Јорданова, сите од Министерството за транспорт и врски, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Исто и нотарите Ристо Папазов и Лидија Смиљановска, но и Марјан Јованов кој е нејзин соизвршител.

За злоупотреба на службената положба и овластувањата е обвинета и Емилија Радојкова, Државен правобранител на Скопје. Обвинетата Снежана Крстевска се товари за несовесно вршење во службата.

„Не се чувствувам виновен и ќе се бранам активно. Состојбата на договорите за кои сум обвинет дека не сум ги раскинал е иста до денеска. А обвинет сум само јас. Двајца министри после мене не се обвинети, не е обвинет ни градоначалникот на Општина Центар, иако обвинението се однесува и на периодот по моето заминување од функцијата во 2015 година. За овој случај сум една година во притвор. СЈО постапуваше по овој предмет, не најде основ за поведување на истрага, рече  Јанакиески.

Покрај него, за невини се изјаснија сите останати обвинети во „Шпански скали“.

Треба да знаете
Последни објави