Кетрин Зета-Џонс: Бања, пица и кревет за мене!

Taa е добитничка на „Оскар“ која прави сè во стил, што вклучува и релаксација дома во недела навечер.

Кетрин Зета-Џонс , една од ѕвездите на филмот „Чикаго“ – адаптација на бродвејскиот истоимен хит – во неделата на Инстаграм сподели апсолутно раскошно селфи, и ги извести следачите што планира да прави вечерта.

Актерката (50) се појави во прекрасна туника, деликатно украсена со мотиви на темноцрвени пеперутки.

Таа позира пред грандиозен мермерен камин, грациозно се потпира на каминот пред заоблено огледало кое создава необична оптичка илузија на рамка околу нејзината глава.

На фотографијата се гледа скулптура, слика и свеќник, а рабовите на огледалото откриваат повеќе од луксузната куќа во грузиски стил.

Дворецот во кој живеат Кетрин и сопругот Мајкл Даглас (75) се наоѓа во предградието на Њујорк.

 

„Бања, пица и кревет за мене“ напиша таа во описот на фотографијата и додаде „Недела вечер. Ви посакувам одлична нова недела!“

Кетрин има навика да објавува делови од домашниот живот на социјалните мрежи, особено за време на продолжената самоизолација во екот на пандемијата на коронавирус.

 

Треба да знаете
Последни објави