Британските медиуми пишуваат дека 32-годишната пејачка е на само пет минути оддалечена од новиот, холивудски дом, на принцот Хари и Меган Маркл, и Адел многу се труди да ги одржи добрососедските односи.
Како што се истакнува, пејачката им препорачала кое училиште би можел еден ден да го посетува нивниот едногодишен син Арчи и им открила неколку дискретни локации во соседството, каде што може да поминат време заедно како семејство, без страв дека некој би можел да ги препознае.
Хари и Меган за свој холивудски дом избрале луксузен имот со осум спални соби и 12 бањи во сопственост на филмскиот продуцент и режисер Тајлер Пери, а Адел живее во нивна непосредна близина во вила вредна 66 милиони фунти.
Со принцот Хари и Меган Маркл, Адел првпат официјално се запознала во декември 2018 година за време на посетата на народната кујна за жртвите од пожар во станбениот блок Гренфел Тауер во Лондон.