Гвинет Палтроу првпат по долго време, ја покажа својата ќерка тинејџерка. Бидејќи не сака да споделува фотографии од своите деца на социјалните мрежи, популарната холивудска актерка ја изненади јавноста со тоа што сепак реши да ја покаже својата ќерка. Шеснаесетгодишната Епл зачекори во светот на возрасните и без задршка ја покажува убавината што ја наследила од својата мајка.
Ќерката на Гвинет Палтроу и пејачот Крис Мартин, Епл Мартин, неодоливо потсетува на својата мајка.
Гвинет на „Инстаграм“ објави фотографија од својата наследничка и ѝ го честиташе 16. роденден со емотивна порака порачувајќи ѝ дека е исклучително интелигентна и вредна.
„Премногу си интелигентна и имаш најдобра, најблескава смисла за хумор. Јас сум среќна што сум твоја мајка. Ги сакам нашите вечерни разговори кога навистина можам да слушнам што има во твојата глава. Многу се трудиш за тоа што сакаш да го постигнеш и имаш чувство на одговорност“, напиша Гвинет.