Донација за Министерството за здравство и отпишување на казните за кредити – дел од начините на Forza за поддршка во борбата против пандемијата
Во услови на пандемија со коронавирус, кога човештвото се соочува со еден од најголемите предизвици досега, хуманоста и солидарноста на компаниите се од исклучително значење, со цел кризата да се преброди што побрзо и со што е можно помали последици.
Токму затоа, Digital Finance International – Скопје, чии брендови се Forza и Kreddy, како општествено одговорна компанија, одлучи преку серија на иницијативи и активности да помогне за полесно справувањето со пандемијата во овие исклучително тешки времиња.
Имено, во знак на благодарност кон медицинските работници кои ги ризикуваат своите животи во борбата со КОВИД-19, а воедно и сите оние кои се во првите борбени редови против пандемијата, компанијата донираше медицинска опрема како директна помош за Министерството за здравство. Донацијата се состоеше од респираторни маски за вкупно 750 здравствени работници, а сумата беше обезбедена преку создавање на посебен фонд од страна на компанијата, во кој во текот на минатиот месец редовно се собираа средства од секоја отплата направена од страна на клиентите на Forza и Kreddy.
Покрај оваа донација како директна помош, во знак на солидарност со ранливите категории граѓани кои се соочуваат со последиците од економската криза како резултат на пандемијата, компанијата соопшти уште една олеснителна мерка со која и индиректно помага на општеството, а тоа е отпишување на пеналите за ненавремено подмирување на долговите за повеќе од 2000 клиенти на Forza и Kreddy кои во потполност го имаат исплатено преостанатиот долг, а се од загрозена категорија или пак имаат потреба за тоа.
„Со оваа донацијата за Министерството за здравство, би сакале пред сѐ да изразиме неизмерна благодарност до сите здравствени работници, но и сите други кои го ставаат своето здравје во ризик со цел да се одржи нормалното функционирање на општеството. Искрено се надевам дека со оваа помош барем малку ќе можеме да придонесеме за полесно справувањето со здравствената криза од која сме погодени сите. Истовремено, имајќи предвид дека оваа криза зазема сѐ поголем замав и од економски аспект, верувам дека со отпишувањето на пеналите на нашите клиенти, дополнително го олеснуваме нивниот вкупен долг и излегуваме во пресрет на некои од најпогодените од кризата. Сакаме да им порачаме на сите дека Forza и Kreddy се на Ваша страна, и оваа криза заедно ќе ја пребродиме, излегувајќи од неа посилни и поподготвени за новите предизвици кои ни претстојат“, изјави Елизабета Сиљановска, генерален директор на Digital Finance International – Скопје.
Дополнително, со цел да им помогне на граѓаните за полесна отплата на кредитот во овој кризен период, Forza воведе и уште еден новитет, односно својата нова програма „Препорачај го Форца кредитот“. Програмата функционира на тој начин што клиентите имаат можност Forza кредитот да го препорачаат на свој пријател, со што и двајцата добиваат по 1000 денари на својата сметка кои може да се искористат за следната отплата на кредитот. На овој начин, Forza на своите членови и корисниците на „loyalty“ програмата, им нуди уште една можност за полесна отплата на долговите за кредит, услуга која е од особено значење за полесно справување со кризата.