Во Шпанија задолжително носење маски

Владата на Шпанија денеска соопшти дека носењето на маски за лице и понатаму ќе биде задолжително.

Одлуката беше донесена по вчерашниот состанок на централната Влада и претставниците на 17 автономни региони на Шпанија.

Како и до сега, маските ќе бидат задолжителни во јавниот превоз,  во затворени простории и на улица доколку нема можност за дистанца од два метра.

Наредбата што официјално го пропишува носењето маски ќе стапи на сила за неколку дена.

Шпанија е на трето место по инфицирани лица со Ковид-19, чија бројка се искачи на 278.188, од кои 27.709 починаа, а оздравеа 196.958 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави